April 19, 2024, 10:45 pm

ЗАСЛУЖИЈА ЛИ ДА ГИ НАВРЕДУВМЕ?: Ако не сме доволно храбри да им се придружиме во заедничка одбрана на името, тогаш сите заедно да замолчиме пред нивната храброст!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три години главниот град на Македонија беше под целосна блокада. Три години секојдневно се уништуваа јавни добра, се фарбаа фасади на институции платени од парите на сите граѓани, се сквернавеа споменици на Македонската култура и историја, беше запалена канцеларијата на претседателот, се вандализираше зградата на Владата на Р.Македонија, си кинеа државни знамиња, се тепаа полцијаци….и тогаш никој не виде проблем во сообраќајниот метеж кој се создаваше тогаш. А борбата на оние кои три години го малтретираа и силуваа главниот град беше за ништо повеќе, отколку за власт која потоа ќе можат да ја плодоуживаат. Криминално, секако.

Петнаесетина луѓе кои секојдневно се обидуваат да му укажат на летаргичниот обичен граѓанин, оној со испрана свест благодарение на медиумскиот мрак кој ја засенува слободната и прогресивна мисла, станаа мета на потсмев, навреди, насилства. А, зошто? Затоа што се борат и се обидуваат на улица да ги соберат нивните сограѓани во одбрана на нивното, нашето, достоинството на нашата држава.

Петнаесетина луѓе кои наместо да се сметаат за аванграда во делувањето и обидот за заштита на уставното име, во јавноста се презентирани како „луѓе без дом“. Зарем го заслужиле тоа?

Заслужиле ли овие луѓе кои во секакви временски услови, тепани, навредувани, влечени од полицијата да бидат мета на потсмев на нас, нивните сограѓани? Секако дека не, најмалку што можеме да направиме е да престанеме да свириме кога ќе налетаме на нивната блокада на некоја од крстосниците, и ако не сме доволно храбри да им се придружиме, барем да не ги навредуваме.

А, медиумите-сончогледи нека продолжат, тие и онака секогаш ќе бидат на страната на мракот, на страната на оние кои ќе им понудат повеќе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This