March 29, 2024, 11:37 am

ЗАСТРАШУВАЧКИ ФАЛСИФИКАТ НА ИЗБОРИТЕ: Со шлепери брашно се делат и во Македонска Каменица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборниот инженериг кој се спроведува од страна на СДСМ завзема застрашувачки размери.

 

Почнаа да пристигнуваат најразлични докази за огромните изборни манипулации кои се прават од страна на СДСМ. На фотографиите до кои дојдовме јасно се забележува како 25 тонски камион ангажиран од општинската организација на СДСМ во с. Мошница, Македонска  Каменица наполнет со брашно чека да биде истоварен.

Ваквиот чин е насочен за директен поткуп на избирачите во пресрет на вториот круг на локалните избори. Очигледно е дека стратегијата на СДСМ е тотално променета. Наместо тие да одат од куќа на куќа да делат прехрамбрени продукти нашле начин како да избегнат директен контакт со брашното се со цел да не се експонираат во јавност.

Од она што може да се дознае од очевидците е дека камионот бил паркиран пред селската продавница од 20:00 часот па се до 00:00 каде чекал да биде истоваран за истиот подоцна доцна по полниќ да биде целосно испразнет.

Изборен поткуп во Македонска Каменица е забележан и во првиот круг каде исто така активистите на СДСМ со вреќи брашно ги поткупувале гласачите, но голема улога одиграле и парите. Од она што е познато сумата на дадени пари по гласач изнесувала неколку десетици евра.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This