Затворени плажите во Барселона поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата денеска го блокираше пристапот до повеќето плажи во Барселона поради тоа што многу граѓани го игнорираат барањето на властите да останат дома откако нов бран од корона вирус го зафати градот.

Полицијата ги спречи луѓето да дојдат на плажите и преку мегафон ги повикуваше граѓание кои веќе се наоѓаа на нив да си заминат бидејќи биле преблиску едни до други, што го зголемува ризикот од зараза.

Откако Шпанија ги укина тримесечните рестриктивни мерки кои придонесоа за сузбивање на епидемијата, најсериозна е ситуацијата во Барселона и во други области во Каталонија.

Каталонските власти пријавија повеќе од 1 200 нови случаи на заразата во последните 24 часа.

Заради влошување на епидемиолошката ситуација, во Барселона од денеска е забрането собирање на повеќе од 10 лица. Властите препорача до жителите на Барселона и соседните општини да ги напуштаат своите домови исклучиво за работа или неопходни ситуации.

Заразата со корона вирус досега во Шпанија потврдена е кај повеќе од 300 илјади лица, од кои починати се повеќе од 28 400.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This