ЗАТВОРЕНИ ПОРАДИ БАНАЛНИ ПРИЧИНИ: Зоран Заев затвара фирми затоа што имале шеќерчиња кои не му се допаѓаат – полициска држава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо олеснување на даночната политика, намалување на бројот на издадени казни за приватниот сектор како што ветуваше Зоран Заев, се случува обратното. Во општина Аеродром за само еден ден се затворени два големи локали, и тоа поради банална причина

 

Како што информираат граѓаните од општина Аеродром, кафе барот „Тренд“ бил затворен поради тоа што на масите имало рекламен материјал од општина Аеродром во форма на шеќерчиња за кафе.

Поради оваа иста, банална причина е затворен и локалот „Палма“ во Аеродром.

Во предизборниот период, Зоран Заев и СДС ветуваа дека ќе го намалат бројот на издадени казни од УЈП за приватниот сектор, и дека пред казнувањето прво ќе испраќаат предупредување со цел да се поправи евентуалната недоследност во работењето.

Во реалноста, се случува сосем спротивно. Наместо олеснета даночна политика и олеснување на условите за водење бизнис, СДС ја претвора државата во полициска, казнувајќи го секој кој тие го сметаат за неподобен.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This