ЗАТВОРЕНИ УШТЕ ДВА ЛОКАЛИ: Комунистичката хунта затвара локали без причина низ цело Скопје – затворен ресторан во Карпош и во Центар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комунистичката хунта предводена од СДС започна со немилосрдно уништување на приватните бизниси во Скопје, затварајќи локали и ресторани без никаква очигледна причина. Бизнисмените се сомневаат дека ова е само начин како новата власт да го наполни буџетот и финансиската дупка од 300 милиони евра која ја отворија за само 80 дена работа

 

По затварањето на кафе барот „Тренд“ во Аеродром, не помина многу време беа затворени и уште два локали. Се работи за култната „Палма“ во населбата Аеродром и „Дежа ву“, кои биле затворени, како што информираат граѓаните на општината поради шеќерчиња на кои стоело логото на општина Аеродром.

Освен ова, денес е затворен и националниот ресторан „Александрија“ во општина Карпош, без соодветна причина, туку како што информираат жителите, поради тоа што инспекторите кои се должни за затварањето биле познати членови на СДС.

Освен паричната казна од 2.000 евра за сопственикот, ресторанот е затворен на максималните 30 дена.

Затворена беше и пекарата „Ла Делишс“ во општина Центар, а за причината поради која е казнет сопственикот и правното лице нема соодветно образложение, ниту пак прекршок во даночната пракса на локалот.

СДС ветуваше дека ќе ја намали ставката на приходи од казни за приватните бизниси, но само 90 дена по доаѓањето на власт, веќе започнаа со сосема спротивното. Наместо релаксирање на бизнис климата како што ветуваа, и предупредување пред изрекување на казна, комунистичката хунта се обидува да уништи што повеќе бизниси, чии сопственици не се партиски обоени, односно немаат јасен и позитивен став кон партијата на власт.

Бизнисмените и експертите се сомневаат дека ова е начин преку кој СДС се обидува да ја наполни финансиската дупка во буџетот на државата од 300 милиони евра, која неспособниот Тевдовски по наредба на Заев ја отворија за само 80-тина дена власт.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This