ЗАТВОРЕН ПАТОТ РЕСЕН-БИТОЛА-ПРИЛЕП: Има одрони на патот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

odroni-na-pat

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози, соопшти утрово АМСМ.

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This