ЗАТВОРИЈА НЕВИНИ ЛУЃЕ: Затворија невини луѓе кои мораат да се ослободат, не важи ниту една основа за притвор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Протест пред истражниот затвор во Шуто Оризари се одржува вечерва за поддршка на лицата кои се теретат за тероризам поради учеството во настаните од 27-ми април.

Професорот Александар Даштевски вели дека конструкцијата на делото е смешна и дека нема никакви основи за тероризам. Лицата кои се во притвор за ова дело, рече тој, се пријатели на цела Македонија.

Тој рече дека ниту една од причините поради кои се одредува притвор, не е основана во овој случај.

-Првата причина некому да се одреди притвор е можноста да избега од државата. Дали овие 7 месеци некој од нив можеше да избега? Никој не избега. Затоа нема основа. Втората причина е дека може да се влијае врз сведоците. Седум месеци за тоа се расправаше и зборуваше и никој на никого не влијаеше. Значи ниту таа одлука не држи. Третата причина е дека е можно да го повторат делото. Дали би го повториле делото? Како ќе го повторат кога протестите престанаа? Тие три основи се во кривичниот законик за одредување на притвор. Ниту една од основите за притвор не може да се воспостави, рече тој.

Даштевски порача дека наспроти ова, двајца од осудените во „Монструм“ се во бегство, а вчера беа ослободени четворица за кои постои голема веројатност дека ќе се дадат во бегство.

Тој порача дека во затворот лежат притворени невини луѓе кои мораат да се ослободат.

Даштевски вели дека е скандал што е одземен имунитетот на шесте пратеници на ВМРО-ДПНЕ.

-Имунитетот се симна за шест пратеници. Такво нешто не се случило. Колеги нивни да гласаат во Собрание за да им се одземе имунитетот. На овој циркуз треба да се стави крај. Да ја задржиме државата како целина, порача тој.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This