April 24, 2024, 10:29 am

ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА УТРЕ ЌЕ ШТРАЈКУВА: Полицајците ќе се движат до Владата на РМ, а оттаму ќе се упатат кон Министерството за финансии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Независниот синдикат на Затворската полиција и администрација при КПУ „Затвор“ Скопје организира штрајк односно марш, кој ќе се одржи утре пред минситерството за финансии.


Барањата на полицајците се да се покачи вредноста на бодот на вработените и да се реализираат нови вработувања со можност за преземање професионални војници по пензионирањето.

Маршот ќе започне во 12.30, а зборно место е хотелот „ВИП“ кај Скопскиот саем. Полицајците ќе се движат до Владата на РМ, а оттаму ќе се упатат кон Министерството за финансии.

-Почитувани колеги и членвои на Независен Синдикат на Затворска Полиција и Администрација при КПУ Затвор Скопје, Ве Известувам дека Наведениот марш за 11.03.2018 година ќе се одржи на начин што ќе се пренасочи и наместо пред Министерство за правда ќе се одржи пред Министерство за финансии.
Барањата се следниве:
1.со цел да се покачи вредноста на бодот на вработените,
2. Нови вработувања со можност за превземање на оние припадници на професионални војници по истек на 45 години возраст во македонските затвори.

Се тргнува од пред хотел ВИП во 12.30 часот и се застанува пред влада 5 минути и продолжуваме пред Министрество за финансии.
На секој од присутните, со возило, ќе му се обезбедат парични средства од 300,оо денари за направените материјални трошоци (гориво). Синдикатот будно ќе ја следи секоја промена на законските и подзаконските акти што се однесуваат на вработените во пентенцијарните установи.

Со Почит,
Затворска Полиција и Администрација на КПУ Затвор Скопје, стои на нивната Фејсбук страница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This