ЗАТВОР ЗА КОМЕНТАР НА ФЕЈСБУК, МОЛК ЗА ПОВИКОТ ЗА АТЕНТАТ: Ќе поведе ли конечно МВР постапка против Тричковски за „куршумот во главата на Груевски“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата ќе поднесе кривична пријава против лице кое на социјалната мрежа „Фејбук“ му се заканувало со убиство на Зоран Заев.Од МВР известуваат дека во изминатиот период се документирани шест кривични дела за закани, кон претседателот на владата Зоран Заев. Оваа вест денес ја објави порталот Макфакс.

Според информациите од МВР кривични пријави ќе има и за шестмина лица кои се сомничат за сторено кривично дело „загрозување за сигурноста“.

Во 2016 година на порталот на најгласниот поддржувач на Зоран Заев „Плусинфо“ на Бранко Геровски беше објавен текст од сдсмовскиот новинарот Бранко Тричковски со наслов „Може ли Груевски да биде убиен?!“ Ова не е прв текст на Бранко Тричковски. Тој во низа наврати во изминатите години објавуваше како замислува снајперски куршум кој поминал низ главата на Груевски, бараше да се крене во воздух штабот на ВМРО-ДПМНЕ со сите внатре, а плукаше и по загинатите бранители во кумановското Диво Насеље.


Министерството за внатрешни работи се уште нема покренато истрага за случајот каде новинарот Бранко Тричковски му се заканува на тогашниот претседател на владата Никола Груевски.
Со ваквите постапки каде што се поднесува кривични пријави само за лица кои му се заканувале на Зоран Заев, а додека на заканите за убиство на Никола Груевски не им се придава никакво значење и не се регистрираат од страна на министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски покажува дека законите не важат подеднакво за сите.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This