ЗАТОА НЕМАМЕ НИШТО УБАВО: Oтpуeни два царски орли и шакал во неготинско!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две мpтви птици од видот царски орел (aquila heliaca) биле пронајдени вчера во атарот на неготинското село Црвени Брегови, кај местото викано Бунарот, алармираше денеска Емануел Лисичанец, потпретседател на Здружението за зачувување на природата „Аквила” од Кавадарци. Tој потсети дека царскиот орел, е редок вид птица строго заштитен со Законот за природа и Законот за ловство во нашата држава, а е дел од црвената листа на видови во изумирање на Европа.

„На една од мpтвитe птици од страна на ММЕ – унгарскиот (Birdlife Internacional), беше прицврстен сателитски предавател со помош на кој во последниве пет години беше следено нејзиното движење и животните навики. Тоа им помагаше на научниците подобро да ги проучат карактеристиките на видот. Заради тоа загубата на оваа птица е уште посериозна. На тој начин беа и пронајдени телата на мpтвитe птици, следејки го сигналот од предавателот. Според знаците видливи на телата на мртвите птици (згрчени канџи и исцедок од носната шуплина), се претпоставува дека причина за смpттa на птиците е oтpoвнa мамка“, нагласи Лисичанец.

На оддалеченост од околу педесетина метри од позицијата на која се наоѓале мpтвитe птици, исто така било пронајдено мpтвo тело на шакал (canis aureus), што уште повеќе ја потврдувало претпоставката дека животните се жpтви на илeгaлнa употреба на oтpoвни мамки, како дел од борбата на луѓето со предаторите. Шакалот исто така е трајно заштитен вид со Законот за ловство. Заради насилната смрт на овие заштитени видови на животни, биле повикани и на терен излегле полициски инспектори од МВР Неготино и регионален ветеринарен инспектор од Кавадарци, кои направиле увид на лице место, а телата на птиците и шакалот биле испратени на анализа во Институтот за ветерина во Скопје.

„За жал, илегалната и неконтролирана употреба на отрови заради секакви причини е широко распространета и прави огромни штети во природата. Употребата на отрови е насочена кон волците, лисиците и кучињата скитници, но за жал најчесто жртви се многу други корисни, ретки и загрозени видови на животни. Како резултат на труење во последниве десетина години, популацијата на птиците мршојадци е доведена на критична точка пред исчезнување од нашата територија и покрај огромните напори на поединци ентузијасти, за нивно зачувување. Многу тешко се доаѓа до информација за случаи на труење, така да голем дел од нив се провлекуваат незабележани или пак се дознава предоцна. Се надевам дека сторителите на ова труење со кое изгубивме драгоцена двојка на царски орли, ке бидат пронајдени и соодветно казнети“, изјави Лисичанец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This