ЗАТОА ШТО ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СДС НЕ СЕ ДОСТОЈНИ: Непотизмот во СДС ги преминува сите граници, синот на Фрчко кандидат за советник во Центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалите од СДСМ никако да стивнат. Се чини дека лицата кои имаат најголеми изгледи за скандалозно однесување добиваат функција во СДСМ. Јон Фрчкоски, синот на поранешниот министер во владите на СДСM Љубомир Фрчкоски, се најде на советничката листа на СДСМ во општина Центар.

Додека неговиот татко го навредуваше и омаловажуваше сопствениот народ во своите колумни, Јон Фрчкоски доби работно место како „Оператор на паркинзи“ во Паркинзи на општина Центар, јавно претпријатие кое од страна на Андреј Жерновски и директорот Саша Богдановиќ целосно беше претворено во партиска фирма на СДСМ каде синовите и ќерките на функционерите добиваат плати од буџетот.

 

Многубројни скандали на Јон Фрчкоски во јавноста не беа пречка да стане дел од советничката листа на која по правило треба да се најдат интелектуалци кои ќе работат за развој на општината. Фрчкоски Јуниор е познат по неговите голишави слики на кои е во прегратка со друго голишаво момче и кон навредите кон пратеничката Солза Грчева, нарекувајќи ја “шугава“ и „гнида“ на својот Facebook профил.

Јавноста веќе полна да го искажува својот револт и незадоволство преку социјалните мрежи. Очигледно младината на Македонија не сака да биде водена од промискуитетни личности со скандалозно минато.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This