ЗАТУРОСКА И КУЗМАНОВСКА ГО ПОДДРЖАА МИЦКОСКИ: Остануваме во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, доследни на идеологијата и политиките на партијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден беа погрешно презентирани објавите на социјалните мрежи на Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска, две пратенички кои беа дел и од раководните структури на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ.


Нивните постови со кои и изразија благодарност за соработката со довчерашната претседателка Даниела Рангелова беа претставени како отстапување од политиките на актуелното раководство.

Двете пратенички денеска децидно ги отфрлаат овие манипулации и потврдуваат дека ниту помислиле, ниту имале намера да преземат таков чекор.

По статутот на партијата, со оставката на претседателката на Унија на Жени Даниела Рангелова, во оставка е целокупното раководство и Извршниот комитет на Унијата.

Нашите статуси на фејсбук беа злоупотребени и погрешно пренесени. Станува збор за деловничко прашање и во никој случај не подразбира дека си заминуваме од партијата или се дистанцираме од пратеничката група. Напротив, остануваме дел од пратеничката група и ќе продолжиме да го следиме курсот на партијата во Собранието. – велат пратеничките Затуроска и Кузмановска.

Нивното активно учество и жестоките критики кон катастрофалните економски политики на актуелната власт можеа да се слушнат и вчера на собраниските дискусии за актуелниот буџет. Таквиот начин на работа и следењето на курсот на актуелното раководство, двете велат дека ќе продолжи и во иднина.

Нашата вчерашна реакција кон Рангелова беше човечка со оглед на фактот дека со неа сме соработувале пет години и сме придонеле многу за партијата.

Ние остануваме верни на идеологијата на ВМРО – ДПМНЕ и со нашето искуство подготвени сме и натаму да помагаме оваа однародена и криминогена власт да биде целосно демаскирана и поразена. На нас Македонија и ВМРО – ДПМНЕ ни остануваат прес се и над се. -велат пратеничките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This