- Advertisement -
АМСМ утринава преку соопштение ги информираше возачите за промена на peжимот во сообраќајот на патот Смоквица-Гевгелија.
– Од утре до 26.04.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А1, патен правец Смоквица-Гевгелија (пред влез на Гевгелија) во близина на БС ЛУКОИЛ за што ќе се изврши промена на peжимот на сообраќај – се вели во соопштението на АМСМ.