Зафировски: Поддршка на малите и средните претпријатија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Оливер Зафировски денеска оствари средба со сопствениците и вработените во трговските претпријатија во трговско-станбениот комплекс Влае. Тој најави сериозна поддршка од Општината за сопствениците на трговски дуќани и деловни простории во наредниот четиригодишен период, како што е и пракса во сите европски градови.
-Од првиот ден ќе работиме повторно да заживее овој трговски центар со работилници и едукации, ќе има улични фестивали и настани. Ќе ги прашуваме сите сопственици, што им треба од општината, бидејќи општината е јавен сервис за сите и мора да им излеземе во пресрет. Во нашата програма имаме повеќе проекти за поддршка на малиот и средниот бизнис, рече Зафировски.
Најави организирање обуки и работилници на кои фирмите од Oпштина Карпош ќе се едуцираат да применуваат современи методи и алатки за да го подобрат своето работење и конкурентност. – Во согласност со можностите на Oпштината и во соработка со донатори ќе обезбедиме средства за настап на деловните саеми на фирмите што имаат најголем потенцијал за пораст. Со тоа ќе помогнеме за подинамичен развој на малите и среднитe претпријатија, додаде Зафировски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This