Захариева: Бугарија нема гаранции дека антибугаpската кампања во Скопје ќе престане

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, на социјалните мрежи изрази револт во врска со предлогот кој утре во Софија ќе го донесат министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, а со кој би се одблокирал пристапниот процес заМакедонија, посочувајчи дка истиот не ја задоволува рамковната позиција на Бугарија.

„Имаме ли гаранции дека антибугарската кампања во Скопје ќе престане? Дали Република Македонија повеќе нема да ги прогонува своите граѓани со бугарска самосвест? Дали на граница нема да попречуваат влез на бугарски книги? Дали нема да ги попречуваат бугарските инвеститори? Дали ќе емитуваат бугарска телевизија? Дали ќе запрат со црната кампања против Бугарија низ цела Европа? Јас овие гаранции не ги видов“, коментира Захариева.

„Обидот за постигнување компромис е јавна тајна во Брисел и тој циркулира низ ходниците на Европската комисија и светот. Се запознав со него и си дозволам однапред да го коментирам. За жал, предлогот повторно не одговора на рамковната позиција на Бугарија, прифатена од Владата и едногласно усвоена во парламентот бидејќи во него нема никакви гаранции дека нашите соседи ќе ги прифатат европските вредности. Имаме ли гаранции дека антибугарската кампања во Скопје ќе престане? Дали Република Северна Македонија повеќе нема да ги прогонува своите граѓани со бугарска самосвест? Дали на граница нема да попречуваат влез на бугарски книги? Дали нема да ги попречуваат бугарските инвеститори? Дали ќе емитуваат бугарска телевизија? Дали ќе запрат со црната кампања против Бугарија низ цела Европа? Јас овие гаранции не ги видов“, коментира Захариева на Фејсбук.

Захариева уште еднаш нагласи дека Бугарија го признава правото на самоопределување на граѓаните на Република Македонија, но дека заедно напред ќе можеме да одиме само кога Македонија ќе го признае заедничкото минато.

„Ние го признаваме правото на самоопределување на граѓаните на Република Македонија, како и нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но исто така е правилно тие да го признаат нашето заедничко минато. Само тогаш ќе можеме да одиме заедно напред“, порачува Захариева.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This