April 19, 2024, 12:38 pm

ЗАХАРИЕВ СО НОВИ ПРОЕКТИ: Бесплатна бања и превоз за пензионерите, лицата со посебни потреби и социјалните случаи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев на  прес-конференција денеска истакна дека во изминатите четири години реализирани се 450 проекти, а еден од подобрите е реконструкција на Градската бања „Кежовица“.

Тој најави дека во неговата изборна програма предвидено е за пензионерите, лицата со посебни потреби и социјално ранливите семејства еден ден во неделата бесплатно да ги користат услугите на бањата „Кежовица“.

– Лековитите води на „Кежовица“ се познати со децении. Тоа се едни од најлековитите води во Европа, користењето на тие види носи благодат  и здравје. Од тие причини како локална самоуправа се обраќаме до  сите пензионери, до сите ранливи групи и сите лица со посебни потреби дека секој вторник ќе биде бесплатен ден за користење на услугите на бањата „Кежовица“, рече Захариев.

Истакна дека општината ќе им обезбеди и бесплатен превоз од нивните домови до бањата и на тој начин Кежовица ќе ја направат подостапна за околу 9.000 пензионери на кои, како што рече, навистина им се потребни нејзините лековити води.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This