ЗАХАРОВА: „Промена на границите? А нема да имате проблем со тоа“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролката на Руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која е во посета на Белград на прашањето за ставот на Русија околу разграничување на Србија и Косово одговори со контрапрашање.

„Извинете, можеби не е исправно да одговорам со прашање на прашањето, но дали вие нема да имате проблем со тоа? Ова не е прашање за Русија, туку за Србија, за вас, ако сте државјанин на Србија. Да повторам, нашата позиција не се смени со текот на годините, нашата позиција е практично заснована на меѓународното право и на резолуцијата 1244“, рече Захарова.
Захарова истакна дека Русија со почит ќе го прифати решението што ќе биде одлука на Србија.
Таа додаде дека конзистентноста е основна карактеристика на руската надворешна политика и дека тоа е добро позната во Белград, пранесе Б92.
Деновиве косовскиот претседател Хашим Тачи, во неколку наврати изјави дека бара „корекција“ на границата и дека не е за размена на територии меѓу Србија и Косово.
Вчера, српскиотпретседател Александар Вучиќ рече дека поддржува разграничување со Косово, став што го поддржа и српскиот МНР, Ивица Дачиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This