ЗАШТИТА ОД ШПИОНАЖА: По Ротшилд и Сорос, Русија на црната листа го стави и „Мајкрософт“ и Бил Гејтс!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин ги забрани производите на Microsoft во Русија и го стави Бил Гејтс на листата за надгледување на Федералната служба за безбедност, на која се и Џорџ Сорос и Јаков Ротшилд.

gatemain11

Повикувајќи се на “загриженост за безбедноста и сигурноста”, Путин наредил отстранувањето на софтверот на Microsoft да започне веднаш, пренесува “Блумберг”

Портпаролот на владата, Сергеј Железнак објасни дека Мајкрософт е фатен врши надзор на милиони руски граѓани “од минута во минута” – но и на државјаните на другите земји.

“Соединетите Американски Држави, кои се претставуваат како бастион на демократијата, всушност вршат контрола од минута во минута на десетици милиони граѓани на Русија и други земји.”

“Сите големи интернет компании кои се формирани во САД се вклучени во оваа грда приказна, а тие компании работат на територијата на нашата земја”, изјави портпаролот на Кремљ.

Ставањето на името на основачот на Мајкрософт Бил Гејтс на листата за контрола на Федералната служба за безбедност (ФСБ), исто така е направено заедно со истрагата, со очекување дека Кремљ ќе го стави и него на црната листа на Руската Федерација на која се и Џорџ Сорос и Јаков Ротшилд.

Поддршка на локалната индустрија

Блумберг објави дека Артем Ермолајев, главен информационен технолог во Москва, и рускиот министер за комуникации Николај Никифров, изјавиле дека Москва првично ќе го замени софтверот на Мајкрософт и Outllook на илјадници компјутери со e-mail систем развиен од руската компанија PJSC на Rostelecom.

Следната година ќе се инсталира софтвер развиен од New Cloud Tehnologies- уште еден руски произведувач на софтвер – на милиони системи. Дури и Microsoft Office и Windows ќе биде заменети со локални верзии, рече Ермолајев.

“Ние сакаме парите на даночните обврзници и јавните претпријатија пред се да бидат потрошени на локален софтвер”, изјави Никифров, додавајќи дека од следната година, официјално ќе се заостри “прстенот” околу државните институции кои нема да се одлучат за домашна алтернатива.

Мајкрософт не одговори на барањата за коментар.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This