ЗАШТО АМЕРИКА НИКОГАШ ПОВТОРНО НЕ СЕ КАЧИ НА МЕСЕЧИНАТА?: Директорот на НАСА ги откри причините зашто САД го изгубил интерсот за Месечината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Американската вселенска агенција, Џејмс Бридгенштајн изјави дека американските астронаути никогаш повторно нема да се вратат на Месечината, бидејќи по првиот подвик никогаш немало доволно средства за нови такви космички програми.

Во прашање се “политички pи3ици” кои се поврзани со вакви потфати, објасни Бриденштајн, што и резултираше со намалување на финансирањето.

“Ако не беа овие политички pи3ици, сега ќе бидеме на Месечината, а ќе бидеме и на Марс”, истакна директорот на НАСА.

Брајденштајн објасни дека НАСА во 1990 и почетокот на 2000 година се обиделе да се вратат на Месечината и да слетаат на Црвената планета, но и двете програми барале долга подготовка и сериозни трошоци, кои сеако не наишле на одобрување, па затоа и пропаднале.

Тој, исто така, истакна дека, од истата причина, можеби нема да биде можно да се  слета на Марс, полетување кое е закажано за 2024 година.

Да се ​​потсетиме, Доналд Трамп неодамна нареди 3абpзyвање на реализацијата на лунарната програма со цел да се постигне ново слетување на човекот на Месечината во следните пет години, наместо 2028 година, како што претходно беше планирано.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This