ЗАЈАЧКОТО СРЦЕ НА НЕДОВЕТНИОТ ПОЛИЦАЕЦ: Павле Трајанов, со сила се прави „удрен“ и се правда дека не прислушувал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ро­ден на: 25 де­кем­ври 1952 го­ди­на во Дол­ни Ра­деш, Ра­до­ви­шко

Обра­зо­ва­ние: Пра­вен фа­кул­тет

Про­фе­си­ја: по­ра­не­шен ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти

Ше­е­сет и че­ти­ри­го­диш­ни­от Пав­ле Тра­ја­нов е не­вид­ли­во ли­це, кое це­ли­от жи­вот по дип­ло­ми­ра­ње­то го ми­ну­ва во Ми­ни­стерс­тво­то за вна­треш­ни ра­бо­ти вр­шеј­ќи раз­ни за­да­чи на ви­со­ки од­лу­ки, не­кои ри­зич­ни, не­кои по­мал­ку. Во јав­но­ста се по­ја­ви во 1998 го­ди­на ко­га ста­на ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти во вла­да­та на Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, а на по­зи­ци­ја­та оста­на це­ла ед­на го­ди­на.
pavle-trajanov

От­то­гаш е по­ра­не­шен ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти и екс­перт по мно­гу пра­ша­ња.

Се тру­ди да не би­де за­бо­ра­вен, чат-пат да се ја­ви ка­ко екс­перт, чат-пат ка­ко по­ли­тич­ки фа­ктор, но са­мо пос­лед­ни­ов ме­сец два­па­ти му ус­пеа да се истак­не.

Очиг­лед­но за­сег­нат од „Цр­ни­те стра­ни­ци на УД­БА“, и тоа што бе­ше по­тен­ци­ра­но де­ка има­ло сле­де­ње чле­но­ви на ВМРО-ДПМНЕ и во вре­ме­то ко­га тој беше ми­ни­стер во МВР, Тра­ја­нов остро не­ги­ра.

– Тоа се ха­лу­ци­на­ции. Ко­га јас ста­нав ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти, вед­наш из­да­дов на­ред­ба да пре­ки­нат си­те ва­кви актив­но­сти и сле­де­ње ли­ца од по­ли­тич­ки или иде­о­ло­шки при­чи­ни. Што се слу­чу­ва­ло по 2000 го­ди­на, не знам, из­ја­ви Тра­ја­нов за неколку медиуми.

Вед­наш по не­го, со број на стра­ни­ца, 8 том, цр­но на бе­ло, се ја­ви ди­ре­кто­рот на ДАРМ, Фи­лип Пе­тров­ски. Тој из­не­се сво­ја ви­сти­на. И фа­кти.

–Во ос­ми­от том по­сто­јат до­ку­мен­ти за де­ре­ги­стра­ци­ја во не­го­во вре­ме ко­га тој бил ми­ни­стер, што зна­чи или не зна­ел или зна­ел, а се пра­ви де­ка не зна­ел или не ја го­во­ри ви­сти­на­та или бил иг­но­рант. Ако бил иг­но­рант, то­гаш не бил со­од­ве­тен. Има­ме ре­ди­ца, пле­ја­да лу­ѓе од ВМРО-ДПМНЕ кои се во­де­ни во вре­мето на Тра­ја­нов – ре­че Пе­тров­ски.

Тра­ја­нов малку омекна, па објасни како можело да знае, а да не знае.

– Про­це­сот на транс­фор­ма­ци­ја на СДБ бав­но се од­ви­ва­ше. Те­шко бе­ше не­кои опе­ра­тив­ци да ги раз­у­бе­ди­те де­ка не се не­при­ја­те­ли на Ма­ке­до­ни­ја тие што се за­ла­га­ле за не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. Мож­но е не­кои да пи­шу­ва­ле из­ве­штаи или да го сме­ни­ле ос­но­вот за обра­бо­тка, на при­мер де­ка не­кој под­го­тву­ва те­ро­ри­стич­ки акт, ра­бо­ти за стран­ска служ­ба и сл. Се­пак, со СДБ ра­ко­во­деа по­ве­ќе ди­ре­кто­ри: Зо­ран Ве­ру­шев­ски, Але­ксо До­нев­ски и Бо­јан Бо­ја­нов­ски, до­де­ка Лу­бе Бо­шков­ски бе­ше за­ме­ник–ди­ре­ктор на СДБ – ве­ли Тра­ја­нов за „Прес 24“.

А по­доц­на, во ин­терв­ју за „Ма­ктел“ се де­ман­ти­ра.

– Зна­е­те, ди­ре­кто­ри­те ра­ко­во­дат со служ­би­те и тие мо­жат да да­ва­ат на­со­ки, но тоа мо­ра да би­де во сог­лас­ност со за­кон­ски­те ов­ла­сту­ва­ња и осо­бе­но спо­ред на­со­ки­те и на­ред­би­те кои ги да­ва ми­ни­сте­рот, та­ка што тие не­ма да мо­жат да мрд­нат без зна­е­ње и на­ред­ба на Спа­сов­ски.

Се раз­браа или не со Пе­тров­ски, при­каз­на­та ту­ка за­вр­ши. Но, се отво­ри но­ва. До­де­ка Ка­ти­ца Ја­не­ва и „алфите“ стојат пред вра­та­та на УБК, Пав­ле Тра­ја­нов го учи Оли­вер Спа­сов­ски што да пра­ви.

До­де­ка Спа­сов­ски пра­ве­ше сме­ни во МВР и на клуч­ни по­зи­ции но­се­ше до­ка­жа­ни кри­ми­нал­ци од под­зем­је­то, Тра­ја­нов не се од­ва­жи да го иска­ра и да го по­у­чи. Но, му за­ме­ри зо­што не ги уап­сил Ча­вков и Ан­до­нов, па да мо­же Ка­ти­ца во мир и спо­којс­тво, со фил­џан ка­фе, ча­шка ви­ски, да вле­зе во Пет­та­та упра­ва и да се пос­лу­жи. До­бро, не со тие збо­ро­ви.

– Ми­ни­сте­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти ра­ко­во­ди со си­те по­ли­ци­ски фор­ма­ции и има пра­во во се­кој мо­мент да да­де на­ред­ба за дејс­тву­ва­ње. Ако ди­ре­кто­рот за јав­на без­бед­ност го оп­стру­и­ра из­вр­шу­ва­ње­то на суд­ска­та на­ред­ба, ми­ни­сте­рот Спа­сов­ски има ов­ла­сту­ва­ње, но и об­вр­ска да го уап­си. Мо­же да го уап­си и да го др­жи во по­ли­ци­ска ста­ни­ца 24 ча­са, до­де­ка об­ви­ни­те­ли­те не ги со­бе­рат до­ка­зи­те кои ги ба­ра­ат во Упра­ва­та, а кои се во вр­ска со не­ле­гал­но­то прис­лу­шу­ва­ње и сле­де­ње на ко­му­ни­ка­ци­и­те. Мо­же да го уап­си и за­мен­ски­от ми­ни­стер Ан­до­нов, ка­ко и си­те оста­на­ти во МВР кои го по­пре­чу­ва­ат из­вр­шу­ва­ње­то на суд­ска­та на­ред­ба. Не знам што че­ка Спа­сов­ски – ве­ли Тра­ја­нов на пра­ша­ње­то кој тре­ба да обез­бе­ди не­пре­че­на истра­га на об­ви­ни­тел.

И во стил на му­а­бе­тот за прис­лу­шу­ва­ње­то Тра­ја­нов или не знае или знае, а се пра­ви де­ка не знае – Спа­сов­ски мно­гу до­бро знае што тре­ба да пра­ви со „ал­фи­те“. Од по­ли­ци­ска еди­ни­ца соз­да­де бан­да, ја ис­пра­ти да ѝ го чу­ва гр­бот на Ка­ти­ца, тоа се ба­тки­те во тре­нир­ки­те, а за дру­го­то, ка­ко што ве­ли са­ми­от Тра­ја­нов, „мо­же­би иде­ја­та е да ра­ко­во­ди не­кој друг со служ­ба­та, тој са­мо да слу­ша на­ред­би“.

За крај, да не за­бо­ра­ви­ме, до­де­ка За­ев знае ка­ко се га­ли­ме и ка­ко се пцу­е­ме, Тра­ја­нов, во не­кој чу­ден ре­жим и во уште по­чуд­ни окол­но­сти, ве­ли „ДБК и по­на­та­му ќе си би­де прис­лу­шен цен­тар на ВМРО-ДПМНЕ“. Што знам, мо­же­би се пла­ши…

Извор: Неделник „Република“ бр.2017

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This