За Бигорски нема Македонци, само граѓани на Северна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kaде исчезнаа Македонците? Ова прашање го поставија дестици граѓани до редакцијата на Инфомакс, што писмено или телефонски се обратија до нашата редакција, ја прочитале честитката од манастирот Св. Јован Бигорски по повод Денот на независноста 8-ми септември. 

Во честитката свештенството им честиташе на „граѓаните на Република Северна Македонија“. Погодени од ова граѓаните упатија низа на критики на адреса на свештенството и запрашаа дали ова е официјалниот став на МПЦ или се работи за ненамерна грешка. Инфомакс се обиде да стапи во контакт со манастирот, но на телефонскиот број кој се наоѓа на веб страницата на манастирот никој не одговори.

-8ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.

Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Северна Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста!

Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци!

Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари, стои во честитката на свештенството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This