ЗА ВАКВА ЕВРОПА НЕ САКАМ ДА СЛУШНАМ: Човек лежи затвор за две тегли ајвар, а бандити со по 100 милиони се шетаат по улица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога граѓаните имаат повеќе политички сенс од политичарите, вака едноставно може да се опише денешниот граѓански протест пред Кривичниот суд по повод затворска казна за екс премиерот Никола Груевски. Очигледно е дека граѓаните се свесни дека случајот за кој е осуден екс премиерот е чиста партиска пресметка на СДСМ со своите неистомисленици, а тие се доволно свесни дека можат и тие да се најдат на мета на како што велат ненародната власт. Граѓаните покрај очигледните причини, како корупцијата во судството, влошената економска состојба ја напоменуваат и промената на името како причина за нивниот гнев.

На прашањето зошто се тука граѓаните одговорија со различни одговори, но јасно е дека им пречи заробената држава и нефункционалното и корумпирано судство. На граѓаните им пречи промената на името им пречат политичките процеси кон поранешните државни функционери.

-За поддршка на претходниот премиер на Република Македонија и не поради тоа што бил премиер туку затоа што ја задолжил Република Македонија многу со она што го направил за 11-те години што работел за државата. Сметам дека е обесправен и дека ова е фарса од режимот кој што е на власт и ја узурпира власта, тоа е најстрашното уствари, а што сме ние немоќни да го смениме името. Овде не сум партиски иако имам симпатии за одредена партија како и секој жив човек меѓутоа ова е поради загрозување на Република Македонија, нашата држава не само што е загрозена туку е пред уништување, токму поради оваа ненародна власт и затоа сум дошла да дадам поддршка за човекот кој што работеше за интересите на оваа држава. Јас сум дел од оваа држава и не сакам некој насилно да ми ја менува и да ми ја одзема татковината. Да останам бездомник, затоа сум вечерва тука, вели една од присутните на протестот.

-Секому треба да му е јасно односите сега со оваа влада и претходната под водство на Груевски знаеме како се живееше, како се живее денеска. Мислам очигледно е сега ако сакаме да глумиме нешто како обичен граѓанин тоа можам да кажам. Не знам што друго би можел да кажам. Ако седиме дома сигурно ништо нема да промениме. Пред скоро време истиве овие што се сега на власт, гледавме бевме сведоци сите како ја сменија власта, нели на ,,многу демократски начин” со осум повредеени полицајци, со расцепени глави на полицијата на истите тие луѓе што денеска нив ги чуваат. Ова е демократија ако збориме за демократија, а не е демократија тоа што актуелната власт денеска ни го промовира како вредност. За мене лично, зборам од личен аспект. Не знам секој еден може да си каже од свое име така да тоа е тоа, велат граѓаните.

На прашањето дали судството е корумпирано граѓанинот вели:

-Сметам дека имам дома едно куче Кораб се вика мислам дека и Кораб го знае. Очигледно е посебно за овој предмет за кој што го судат бившиот премиер Никола Груевски мислам дека апсурдно е да дискутираме околу целата тема. Не треба да е судија човек за да види Мерцедесот за кој е во конкретниов случај, сосема легитимно е направена целата тендерска постапка и сите други законски норми значи политички е целиов процес очигледно. И не знам како мислат со вакво судство да идеме во Европа и ако Европа ги промовира овие вредности, јас лично не сакам да чујам за таква Европа. Ја сакам да живеам во едно стабилно општество, во едно реално општество со реално судство, со реални судии не со монтирани случаи. Некој лежи условно кажано за украдени две тегли ајвар 15 месеци затвор, а некој со 100 милиони евра се шета по улиците наши.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/270079833656831/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This