ЗА ВИЗА ВО САД, ЌЕ ВИ ГО ПРОВЕРУВААТ И ФЕЈСБУК ПРОФИЛОТ: Покрај стандардните документи, од сега ќе мора да го приложите и ФБ профилот за вадење виза!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лицата коишто сакаат да патуваат во САД наскоро ќе треба да ги наведат своите идентитети на социјалните мрежи, старите телефонски броеви, како и адресите на електронски пошто, според планот на Стејт департментот објавен во петокот.

Со оваа мерка ќе бидат опфатени 10 милини луѓе годишно, коишто сакаат да добијат туристичка виза или да се доселат во САД, но нема да се однесува на дипломатските патувања, ниту на владини функционери.

Во овој текст не се споменува ниту Програмата за изземање од визи (ESTA), која се однесува на четириесетина богати земји во светот, од коишто триесет се во Европа. Образецот исполнет на интернет ќе им овозможува на овие граѓани да останат 90 дена во САД без минување на тешката процедура за добивање виза.

Со објавувањето во петокот започнува периодот на јавна расправа којашто ќе трае 60 дена за споменатите промени, коишто би требало да бидат потврдени на 20-ти мај годинава.

Патниците би требало да ги прецизираат социјалните мрежи на коишто учествувале, да наведат со кои „идентитети се користеле” на тие платформи во текот на пет претходни години пред датумот на поднесувањето на барањето за американска виза. Мора да ги наведат и телефонските броеви, адресите на електронската пошта и патувањата во странство, според документот објавен во американскиот службен весник Federal Register.

Ваквите мерки првпат ги спомена американскиот претседател Доналд Трамп зборувајќи за напредна проверка на лицата коишто сакаат да допатуваат во САД, а коишто организациите за заштита на човековите права остро ги критикуваат во името на заштитата на приватноста, додека властите истакнуваа дека тоа би им помогнало во идентификувањето на можните екстремисти.

Во текот на последната фискална година, дури 559.536 лица поднеле молби за емигрантска виза во САД и уште 9,7 милиони луѓе за разни американски визи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This