За време на пандемиjaта во Македонија двojно зголеме бројот на бeздомници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на пандемија, бројот на луѓе кои бараат помош во Центарот за залоснување во Момин Поток е зголемен за 50 насто. Драгана Лазаревска, координатор во овој центар, за Алсат изјави дека двојното зголемување на оваа бројка е резултат на сегашната економска состојба, бидејќи многу граѓани останаа без работа поради пандемијата. Таа вели дека за среќа, досега, никој од граѓаните што го посетиле овој центар не покажал симптоми на ковид 19. Како што ќе паѓаат температурите под нулата, се очекува бројот на луѓе кои ќе бараат да обезбедат покрив над глава ќе биде уште поголем.

Како резултат на економската криза поради пандемијата, се зголеми и бројот на загрозени семејства. Денеска општина Карпош и Црвениот Крст донираа 80 пакети храна и средства за хигиена на семејства кои немаат доволно приходи.

„Морам да кажам дека пандемијата влијаеше на влошување на ситуацијата воопшто, односно на населението. Значи, имаме нови категории што се резултат на последиците што ги донесе пандемијата, на кои им е потребна наша помош. Ние како Црвен Крст од почетокот на пандемијата дистрибуиравме околу 25 илјади пакувања храна и околу 30 илјади пакувања средства за хигиена“.

Извор: Алсат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This