ЗА ГЕН.СЕКОТ НА ВЛАДАТА, ЛЕКУВАЊЕТО НА МАЛИ ДЕЦА Е ГЛУПОСТ: Рашковски смета дека лекувањето на малите деца било непотребно драматизирање!

Поврзано

- Advertisement -
Пред неколку дена со одлука на влада беа разрешени сите членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија, установи, агенции и други правни лица.
- Advertisement -

Со еден потег и во ист момент беа разрешени повеќе од 800 луѓе, што од ВМРО-ДПМНЕ го толкуваат како почеток на чистките и бруталната партизација на државата со партиски послушници на СДСМ и невладните профитери кои станаа владини советници и чиновници. Но, покрај партизацијата на државата, уште еден реален проблем е и нефункционирањето на институциите во периодот до назначување на нови управни и централни одбори.

Па така, директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски во писмо до министерот Таравари на оваа тема денес напиша:

„Колега Таравари, дали знаете, ако е точно тоа што го прочитавме во одредени медиуми, дека со одлука на Влада се разрешени сите членови на Управниот одбор на ФЗОМ? Доколку е тоа точно, тогаш Ве прашуваме, кој ќе ја понесе одговорноста, зошто Вие и Владата ги разрешивте сите членови на Управниот Одбор на ФЗОМ, кој е надлежен орган за одлучување во втор степен по жалби за лекување во странство, со што ја парализирате институцијата во носење на одлуки и директно го загрозувате здравјето на осигурениците?“

Со одговор се јави генералниот секретар на владата Драги Рашковски кој за оваа цел ги прекина дневните активности како цензурата на веб-сајтови со критички став кон Владата и средување подруми, за да се зафати со средување на здравството.

Тој му порача на Стефановски да не се правела драма околу оваа процедура:

„До вторник ќе бидат назначени нови управни одбори, така ќе биде и во Фондот за здравство. Нека не драматизираат, ова е нормална процедура така што за неколку дена нема да се смени ништо“ се наведува во реакцијата на Рашковски.

Прашање е дали „до вторник“ ќе се заврши оваа постапка која ја најавува Рашковски, особено што Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека изборот на нови членови ќе одел постепено. Проблем во обидот за брутална партизација на државата СДСМ има во недостатокот на квалитетен кадар за што се најавува и измена на законот за административни службеници кој беше усвоен пред неколку години според насоки на Европската комисија.

Но дури ни овој факт нема да ги поколеба во СДСМ да сторат се што треба за да ја партизираат државата, макар и по цена на нефункционални институции во меѓувреме, како што е Фондот за здравство кој не може да носи одлуки околу лекувањето во странство на осигурениците со што директно се загрозува животот на пациентите.

Главниот проблем не е дали до вторник или другиот петок ќе биде избран нов одбор во ФЗОМ, туку главниот проблем е што оваа крајно сериозна проблематична ситуација за генералниот секретар на Владата Драги Рашковски е – непотребна драма.

Она што навистина може да се квалификува како непотребна драма беше притисокот врз ФЗОМ кои новите советници на Рашковски од позиција на невладини профитери го правеа преку протести и медиумски хајки, за да прикажат наводна неажурност и божемна неволност да доделува средства за лекување на пациенти надвор од Македонија. Истиот тој притисок резултираше и со обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Но, непотребна драма никогаш не може да биде ситуацијата кога партијата на власт, СДСМ, решила да ги парализира сите институции само затоа што им е поважна партизацијата на државата од нејзиното нормално функционирање.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This