ЗА ГУГЛ И ФЕЈСБУК ЗАБОРАВИЈА: Владата молчи за „кopпата“ од „Фолксваген“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред два дена беше обелoдeнeтo дека менаџментот на „Фолксваген“ ги диckвалификува Србија и Македонија од можноста за инвестирање во овие две земји, а наскоро ќе одлучи дали ќе инвестира околу 2 милиони евра во Турција или Бугарија.

Оваа можна инвестиција беше пomпезно најавувана од владата на Зоран Заев, како завршена и договорена работа, но челниците на оваа моќна компанија решија дека Македонија и не е баш погодна за да се вложува во неа. Република побара став од владата по повод „кopпата“ на Фолксваген за Македонија, и праша дали имаат добиено официјален став од оваа автомобилска компанија, но два дена нема одговор оттаму! Владниот портпарол најави дека одговор ќе добиеме на нашите прашања, но изгледа тешко им е да признаат дека нема ништо од нивните ветувања, па тоа се покрива со moлк.

Инаку „Фолксваген“ ги именуваше Турција и Бугарија како финалисти за локацијата на новата фабрика за автомобили. На почетокот на годината геманскиот автомобилски гигант објави дека ќе произведува електрични возила во своите погони во Германија и ќе размисли за менување на производството на одредени модели со конвенционални мотори во фабрика која ќе биде основана некаде во Источна Европа.

Првично, листата на потенцијални домаќини на компанијата вклучуваше пет земји, но компанијата оттогаш го намали изборот до Турција и Бугарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This