ЗА ДА НЕ ВЕ ЛАЖАТ КОМУЊАРИТЕ: Владата веќе испечатила брошури за тоа како ќе се интегрираат и населуваат мигрантите во Гевгелија и останатите општини!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев има превземено обврска, која треба да ја исполни како фактура за неговото инсталирање на власт преку изборниот инженернг, за изградба на мигрантски населби во кои ќе се населат нелегалните мигранти, под превезот на бегалци, што е и причина за блокирањето на референдумите во општините засегнати од стратегијата за интеграција на мигранти која ја донесе владата на СДС

 

Дека населувањето на мигранти е обврска која СДС мора да ја исполни без разлика на желбите на граѓаните, докажува и брошурата која владата ја има испечатено, и доставено до советниците во општините.

Од СДС веќе со недели се обидуваат да ја манипулираат јавноста дека планот за населување на мигранти нема да се оствари, и дека тоа е само пропаганда на опозициската партија. Но реалноста, докажува спротивно.,

Бранот бегалци нема да ја заобиколи ниту Македонија. Доколку се реализирала националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци на Владата на Зоран Заев, мигрантите би претставувале реална закана за Битола, Радовиш, Охрид, скопската населба Ѓорче Петров како и останатите општини во кои ќе се смени комплетно составот на населението со населување на овие лица.
Владата предводена од Зоран Заев не се откажува од планот за доселување на мигрантите и градење на згради за нив во 17 општини низ Македонија.

Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои Владата планира да се населат мигрантите. Граѓаните пак, на овие општини бараат референдум за да може да се изјаснат по ова прашање.

-Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име- порачуваат граѓаните од 17-те општини.

СДСМ, Зоран Заев и Мила Царовска и понатаму не се откажуваат од градбата на станови, доселување и интегрирање мигранти во Македонија. СДСМ поднесе кривична пријава за Видан Лазаревски, иницијатор за референдум против Националната стратегија за интеграција на мигранти.

Груевски вели дека концептот со населување на мигранти, според негово мислење, има целосна оправданост што кај граѓаните се јави револт, страв и се самоорганизираа да направат ситуација во која што ќе ги заштитат своите општини.

-Дури и постапката што ја прави СДСМ преку ДИК, каде го има мнозинството и одлучувачката моќ, и обидот на ДИК која добива наредба од СДСМ да го отстрани гласањето за мигрантите низ општините на денот кога се изборите, укажува дека СДСМ не само што се плаши, туку се плаши дека нивниот веќе договорен со некого концепт може да крахира и дека нема да можат после да го спроведат тоа и да ја испорачаат фактурата некому каде што ја ветиле. Во многу развиени држави, па дури и во Америка, кога се гласаат референдуми често пати се собираат и се ставаат на денот кога има избори за да не се прават дупли, тродупли и така натаму трошоци за организирање. Сосема е нормално и очекувано од страна на граѓаните да не се прават нови трошоци и да се гласа на истиот ден. Но, гледаме дека СДСМ во желба да го оневозможи тоа и во желба да ги донесе мигрантите за да некому му се додвори, не заради мигрантите. Сите ние сочувствуваме со тие мигранти и сакаме да им помогнеме доколку поминуваат како транзит во Македонија, а и тие не сакаат да се задржат во Македонија затоа што бараат земја која што е побогата, ќе им пружи подобри услови, но намерата на Владата за да се додвори некаде е да прими голем број на мигранти, се шпекулира со бројката од над 100.000 луѓе е таква што сосема можам да ја разберам реакцијата на граѓаните, а најмногу можам да разберам тоа што не веруваат во единствениот аргумент кој го кажуваат е дека тоа било нереално, заклучи Груевски.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This