За да се школува секој ден оди низ водите на студената Пчиња и ја преминува македонската граница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марко Арсовски има 12 години која за да се школува мора секој ден да оди од Србија до Македонија, пишува српскиот портал Новости.
Тој е единственото дете, ученик од српското село Старец, кое се наоѓа блиску до македонската граница. Од куќата на Марко, до првото училиште во Србија има 17 километри. Па поради таквите околности, на оваа дете му е многу поблиску и полесно да патува до училиштето во Македонија. Марко денеска е ученик во шесто одделение во училиштето “Христијан Карпош” во селото Драгоманце, во општина Старо Нагоричане.

-Наставата е на македонски јазик, но имам и часови на српски јазик, заедно со уште неколку ученици од српска националност кои живееат во Македонија. И покрај сите тешкотии успевам да постигнам многу добар успех, раскажува Марко, кој одлично зборува македонски.

За него воопшто не е тешко тоа што учи на македонски јазик, најтешко му е секојдневното патување. Куќата каде што живее се наоѓа во близина на реката Пчиња, која ги дели Србија и Македонија. До патот кој го води во училиштето, најблиску се стигнува, ако се помине преку не толку длабоката, но студената планинска река.

-Во лето и не е толку страшно, но Пчиња е секогаш студена. Сите поминуваме преку неа и на брегот ги оставаме гумените чизми. Некои соседи имаат импровизирани чамци со кои ја поминуваат реката. Но, во зима, која кај нас трае долго време, тоа ни е многу голем проблем, раскажува Горан, таткото на Марко.

Тој вели дека цел живот ја гази Пчиња, за да заврши било која обврска која е надвор од неговото домаќинство. Алтернативен начин за поминување преку реката е со трактор. Но, кога реката ќе е голема, Марко мора да поминува преку козји патчиња, кои патот му го зголемуваат за два километри.

-Секое утро станувам во шест часот, па поминувам преку реката, или по козјите патеки, за да стигнам до локалниот пат за Македонија. Таму ме чека комбе со кое одам до училиштето. Понекогаш, кога брзам, тато ќе ме качи на грб и ќе ме пренесе преку реката, го опишува Марко своето секојдневие.

Поради тоа што Марко е единствен ученик од овој крај, нема за него организиран превоз до училиштето во Србија, па Марко секој ден е принуден да поминува граница до Македонија. Вели дека царинарниците имаат разбирање за неговата ситуација и не му прават проблеми.

Поради ваквата тешка ситуација, постариот брат на Марко, Милош кој има 15 годиним го напуштил школувањето.

Мештаните од селото Старец со децении чекаат да им се изгради мост кој ќе им го олесни животот.
Извор:skopjeinfo.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This