April 27, 2024, 12:19 am

ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ: Принцот Вилијам со посебно изненадување за Кејт Мидлтон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот принц Вилијам за сопругата Кејт Мидлтон планира посебно изненадување за Денот на вљубените, пренесуваат западните медиуми додавајќи дека се работи за романтична вечера.

Според некои извори, принцот Вилијам резервирал романтична вечер во својот омилен италијански ресторан во Лондон.

– Вилијам и Кејт често го посетуваат тој ресторан, тоа им е омилено место каде имаат одредено ниво приватност. Ним им е тeшкo да излезат некаде, а притоа никој да не ги следи или да гледа во нив. Вилијам има своја нежна страна и сигурна сум дека за својата Кејт веќе oбeзбeдил честитка, убав поклон, а можеби и тивка вечера дома, изјави Кејти Никол – познавач на кралското семејство.

Двојката минатата недела е фотографирана како се држи за paцe во Јужен Велс, каде што се запознале додека биле студенти, 2001 година. Во брак се 10 години и „нивната љубов оттогаш само расте“, според колумнистката.

– Не знам дали принцот Вилијам би признал, но тој е прикриен романтичар. Ќе се потруди Кејт да се почувствува посебно на Денот на вљубените, додава Никол.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This