ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР: Ако сакате да го користите возилото утре, морате да го извадите од pecтриктивната зона!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради посетата на Папата Франциск, во Скопје се воведува посебен сообраќаен режим и промени во движењето на граѓаните.

Поради специјалниот режим на движење, граѓаните што живеат во централното градско подрачје, во зоната „Голем ринг“, во вторник нема да може да ги користат своите возила, доколку сакаат да ги користат возилата ќе мора истите денеска да ги извадат од pecтриктивната зона.

-Апелираме, граѓаните коишто живееат во централното градско подрачје (во зоните А1, А3, А4, А5, А06, А8, Б2, Б3, Б6 и Б7) почнувајќи од понеделник, 06.05.2019 година по 16:00 часот, своите возила да ги дислоцираат и истите да ги паркираат во непосредна близина на Градско Собрание, зона Ц80 и Ц81 или зона Ц33 (под Железничка станица) и јавните паркиралишта ЗОИЛ и Тутунски комбинат, велат од Град Скопје.

Граѓаните кои имаат потреба од своите возила на ден 07.05.2019 година, ќе биде потребно истите да ги диcлоцираат надвор од рecтриктивната зона на 06.05.2019 година, во cпротивно возилата нема да може да направат излез од рecтриктивната зоната за време на посебниот сообраќаен режим.

Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг-Скопје ќе бидат бесплатни за користење почнувајќи од 06.05.2019 година (понеделник) по 16:00 часот.

Катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ во вторник 07.05.2019 година нема да бидат во употреба, односно ќе бидат затворени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This