За Зaeв има за децата нема: Владата нaбaвилa coфтвер по цeнa од 80 илјади компјутери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред неколку недели беше објавен официјалниот извештај на Стејт Департментот на САД за бизнис климата во Македонија во кој изречно се напоменува проблемот кој нашата држава го има со корупцијата, но сепак овој проблем е многу покомлексен и не се решава со пари па така Владата се одлучи да „плати“ за да ја подобри сликата за себе во Вашингтон.

Како забелешка во извештајот се наведува фактот дека македонската Влада користи пиратски Виндоус за свои потреби што пак дава лоша слика за заштитата на авторските права во нашата држава.

Експресно Генереалниот секретар на Владата, Драги Рашковски се одлучи да фрли милиони евра на софтверско решение и да ги опреми компјутерите во Владата. Да бидеме попрецизни, Владата ќе потроши околу 16 милиони евра за купување на за софтвер односно 1.062.000.000 денари.

Сепак она што е проблематично е сумата која Владата потроши за набавка на софтверски решенија од 16 милиони евра. Доколку за пример го земеме оперативниот систем Виндоус чија малопродажна цена е 100 евра со овие средства би се опремиле 160 илјади компјутери со софтвер од Мајкрософот.

Сепак на големо, со големи фирми или во нашиот случај држава, големопродажната цена на Виндоус 10 може да достигне и до 10 евра.

Дополнителен револт во јавноста креира и фактот почна на школската година, а околу 40 илјади деца се оставени без компјутери потребни за да ја следат онлајн наставата. Наставата учениците може многу лесно да ја следат на таблет кој може да се најде и за 50-тина евра. Ваквата набавка не би ја чинела Владата повеќе од 2 милиони евра, а со сумата од 16 милиони евра може да се набават 80 илјади лаптопи со цена од по 20 евра/

Ваквото однесување на Владата дополнително упатува на сомнежи негрижа кон богатството и иднината на една држава, а тоа се децата.

Инфомакс испрати и прашања до Владата на Република Македонија кои и по три дена се уште не се одговорени, а се поврзани со оваа јавна набавка.

Ова се прашањата за кои Владата нема одговор:

-Моето прашање се однесува на една од последни јавни набавки на Секретаријатот во Владата на Република Македонија во која што се набавува „Софтверски пакети и информатички системи“ за потребите на Владата во вредност од около 16 милиони евра. Моето прашање е за каков софтвер станува збор, дали се работи за производи на „Мајкрософт“ поточно „Виндоус“. Зошто софтверот не е купен директно од фирма којашто произведува софтверски решенија туку од препродавач? И кои се критериумите за оваа јавна набавка?

Линк од јавната набавка

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This