„За заедничка Македонија“ денеска 17-ти ден продолжува со протестите: Од ден на ден сме се побројни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со најголема почит кон нашите другари, соседи Албанци, би кажал дека лично сметам дека во ниту еден случај, на ниту еден начин не се дискриминирани. Тие во оваа држава имаат право каде сакаат колку сакаат да зборуваат на својот јазик, вели за ТВ Нова Дарко Мијаловски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Za-zaednicka-Makedonija-3-den-23-Custom-740x561 (1)

Тие имаат училишта, децата се школуваат на албански јазик. Албанците во оваа државата се значаен фактор, нивните истакнати претставници се дел од општествениот живот, дел од Владата, истите закони важат за нас и за нив. Се гледа дека не станува збор за никаква дискриминација, дека оваа Тиранска платформа е директен вовед во едно црно сценарио за поделба на Македонија и создавање на голема Албанија. Затоа е оваа граѓанска иницијатива создадена, да кажеме „НЕ“ на сите оние кои сакаат да ја разнебитат нашата татковина, вели Мијаковски.

Тој вели дека иако имаат одредени притисоци, апсолутно ќе истраат до самиот крај и нема да потклекнат се додека не се отфрли Тиранската платформа и додека не се постават некои нови начини на кои ќе се продолжи со понатамошно функционирање.

-Оваа платформа не беше поставена пред гласачите, ни се постави како уцена, да ја прифатиме, да мора да ја редефинираме нашата држава, да ја промениме химната, нашето знаме. Тоа е нешто што нема да го дозволиме и затоа сме тука, и од ден на ден сме се побројни, вели Мијалковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This