ЗА ИВАНОВ ИМЕТО НА ДРЖАВАТА Е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: Претседателот пред заминување набавува сувенири со името Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Ѓорге Иванов на два месеци пред заминувањето од функцијата нарачува репрезентативни предмети за подарување со проценета вредност од околу 20 илјади евра, на кои ќе стои старото име на државата Република Македонија, објави порталот Независен. Електронската аукција за прибирање на понуди е објавена денеска, 25 февруари, а понудивачите може да се јават до 7 март.

Во техничката спецификација се бараат над 700 сувенири. Се нарачуваат 25 книги, монографија за Република Македонија на македонско – англиски јазик испечатена во боја, со тврди и мазни корици со минимум 200 страници. Понатаму, се нарачуваат и ексклузивни метални и хемиски пенкала, како и чадори, вински сет, метални значки со осигурувачи, папки, држачи за пенкала, држачи за визит карти, нотеси, накит, длабоки резби на дрво (орев) сите со вклучена гравура на амблемот на Претседателот на Република Македонија.

Вкупно 50 на број, Иванов нарачува и женски свилени марами и 100 вратоврски на кои ќе треба да стои следниов текст: „With Compliments HE Dr. Gjorge Ivanov President Republic of Macedonia“.

Очигледно Иванов до последниот ден од својот мандат ќе ја игра улогата на бранител на името Република Македонија. И покрај одлуката на Меѓуресорската група за имплементација на роковите од Преспанскиот договор на официјалната вебстраница на шефот на државата стои старото име „Претседател на Република Македонија“.

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, го предупреди администраторот на веб-страницата на Кабинетот на шефот на државата Ѓорѓе Иванов дека се соочува со санкции доколку не се промени називот на институцијата во „Претседател на Република Северна Македонија“.

-Претседателот е независен во своето дејствување. Одговорноста за непочитувањето на законите важи за сите, така што, ако не се почитуваат Уставот и законите, ќе се преземе постапка против администраторот на домејнот, изјави Рашковски минатата недела.
Драги Рашковски, ја води Меѓуресорската група за имплементација на роковите од Преспанскиот договор. Сите институции веќе го сменија својот назив, освен Кабинетот на претседателот на Македонија.

Во рок од 3 дена сите институции требаше да извршат промена на сите дигитални записи – логоа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This