За изгубен лаптоп објавен на ФБ се јавиле 12 сопственици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ФБ приказната на Никола Нешкоски, кој вчера објави на неговиот ФБ профил дека нашол лаптоп пред ,,Олимпико“ во Скопје, доби срсреќен крај, но и ја покажа бизарната страна на луѓето.

По неговата објава дека бел лаптоп паднал од покривот на автомобилот откако неговиот сопственик во брзање  заминал од пред ,,Олимпико“, како сопственици му се јавиле дури 12 луѓе. Но, Нешкоски не ,,наседнал“ на нивните убедувања дека лаптопот е токму нивен. Еве што напиша тој на својот ФБ профил, откако го пронајде вистинскиот сопственик и објави заедничка фотографија:

 

,,Само да ви кажам дека е најден сопственикот на компјутерот. И да ве поздравам сите вас “сопственици” кои се пријавивте дека е ваш…. Ама морам да признаам дека бевте креативни во смислувањето на приказните….се беше добро до моментот кога ви побарав документи за компјутерот, или ви спомнав дека на превземање ќе мора да направиме заедничка слика…. Тогаш ве снема.

П.С: преку порака на фб се пријавија 7 сопственици, а на телефон 5…“-напиша чесниот пронаоѓач, кој патем откри на што сѐ се подготвени измамниците.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This