За измамничко рекламирање глоби до 5 000 евра: Инспекторите најавуваат казни за лажен попуст на „Black Friday“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од два до три пати поголема заработка имаат трговците за време на „Блек фрајдеј“ од просечен петок, а за исто толку е зголемена и посетеноста во дуќаните, покажуваат податоците од анализите на трговците. Главно поголеми попусти има на постарата роба, а помало е намалувањето на новите колекции.

Според ПР експертите, традицијата досега покажала дека за време на „Блек фрајдеј“, кај нас најголем дел од попустите не се такви како што се прикажуваат. Некои трговци пак пред да почнат големите намалувања ги зголемуваат цените за потоа да се спуштат на реаланата. Поради овие тговци се нарушува и имиџот на оние кои работат правилно.

Граѓаните револтот од манипулацијата со цените го изразија и преку социјалните мрежи. Пo фотографиите од етикетите може да се види дека цената со попуст е иста како и претходната.

Казните за измамничко рекламирање се движат од 4 до 5 000 евра за трговецот, велат до пазарниот инспекторат. Но дали има неправилности во работењето од страна на трговците ќе се знае во понеделник кога ќе зварши скенирањето на ситуацијата.

(извор – Сител)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This