За истото што го направи Талат мене ме oбвиниja за тepopизам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кои заклучоци може да се извлечат од вчерашната конститутивна седница на Собранието на Македонија? Прво, истата сеуште не е завршена, туку е прекината после втората точка верификација на мандатите на избраните пратеници. Немаше формирање ниту на Комисијата за избори и именување , ниту предлог од таа комисија за избор на Претседател на Собранието, стои во реакцијата од поранешниот пратеник и претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

Додава дека Собранието без избран претседател е неефикасно, бидејќи не може ниту да се закаже нова тематска седница, ниту да се носат закони што е неговата основна надлежност.

Но, битната дилема е кој е одговорен за ваквиот исход што Собранието го држи во нефункционален вакум, дали е тоа Претседавачот кој согласно Деловникот ја свикал и водел седницата или некој друг? После изборите во 2016та година во соодветниот рок ја закажав и ја водев конститутивната седница на Собранието и навремено побарав од парламентарните групи да предложат членови за формирање на Комисијата за избори и именување. Одговорот на партиите го чекав предолго, дури до март 2017 година, кога се предложи да се формира горенаведената комисија. Најавите од медиумите и сега предвидуваат одредено одлагање на формирањето на Комисијата за избори и именување, кое може да трае одреден период. Но, Деловникот за жал не му дава на кој и да е Претседавач на конститутивната седница ниту капацитет, ниту институционални механизми по однос на динамиката на двете нејзини битни компоненти, а тоа се формирањето на Комисијата за избори и именувања, како и изборот на Претседател на Собранието, пишува Вељаноски.

Потенцира дека одговорноста за успешното завршување на овие две точки од конститутивната седница, и од деловничка и од политичка гледна точка, зависи од парламентарните групи и одлуките на политичките партии во процесот на формирање на парламентарно мнозинство.

Се додека парламентарните групи не се договорат за претседателот и членовите на Комисијата за избори и именување и се додека политичките партии не се договорат за собраниското мнозинство, претседавачот со конститутивната седница на Собранието не може успешно да ја заврши седницата, без оглед на неговите лични залагања или собраниско искуство. А се додека Собранието не избере Претседател истото ќе биде неефикасна институција, чија вакум состојба ќе биде само уште еден знак за политичката и институционалната криза во која се наоѓа државата. И на крајот некого за иста ваква ситуација го судат и прогласуваат за терориста, напиша Вељаноски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This