ЗА КАВАДАРЦИ Е ВАЖНО ВМРО-ДПМНЕ ДА ПОБЕДИ: Важно е ВМРО-ДПМНЕ да победи во Кавадарци, за да има уште инвеститори и да растат платите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овде во Кавадарци покажавме дека умееме. Со директна поддршка од тимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ, германскиот гигант „Дрекслермаер“ ја изгради својата фабрика овде во Кавадарци, странска директна инвестиција вредна 35 милиони евра. Денес во фабриката работат над 5.600 лица, а истата комапанија планира да отвори уште еден погон во Куманово каде ќе вработи повеќе од 1.000 лица. Така ќе се продолжи и во иднина, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на мини митингот во Ваташа, кавадаречко.

-Секаде каде што ќе можеме да носиме инвеститори, каде што ќе имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ќе носиме инвеститори, затоа што ние веќе имаме тим, имаме луѓе испраксирани и со знаење за привлекување на инвеститори, ни требаат градоначалнци кои ќе ги пречекаат и ќе им дадат добри можности. Затоа е важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во Кавадарци, за да има уште инвеститори и да растат платите, рече Груевски и додаде:

„Ќе обезбедиме и учениците од прво до петто одделение да имаат бесплатен и здрав оброк во училиште и со тоа да добијат здрава храна и родителите да бидат растеретени во домашните буџети. Општината Кавадарци и Митко Јанчев ќе обезбедат можности за граѓаните кои немаат сопствен дом да стекнат сопствен дом по симболична почетна цена од само 1 евро метар квадратен за земјиштето и ќе им се укинат или дрстично намалат комуналиите. Следи и отпис на долгови за вода и ѓубретарина за социјално загрозените семејства. Нудиме и концепт во кој нема да има неасфалтирана и неосветлена улица и концепт во кој во секое маало ќе има парк. Ќе работиме и на привлекување на инверститори, а посебно на инвеститор за изработка на фабрика за откупување на вишокот грозје и претворање во алкохолен дестилат во однос на потребите на пазарот“.

Изградба на велосипедско-пешачка патека на кејот на Луда Мара, изградба на спортска сала, доизграба на мостот на реката Луда Мара, се само еден мал дел од проектите кои ќе се реализираат за Ваташа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This