ЗА КАКВО „ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“ ЗБОРУВАТЕ: Ние сме единствената нација во светот која што со закон има забрана за употреба на симболи и термини со кои се идентификува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата Анализа на телевизија 24 пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова истакна дека во Македонија конфликти помеѓу заедниците настануваат поради рамнодушноста за туѓите потреби за изразување на сопствениот идентитет. За жал вели Манаскова реалноста е дека во Македонија единствените кои што имаат проблем со изразување на сопствениот идентитет се Македонците.

-Конфликти кои што настануваат поради рамнодушноста кон туѓите потреби за изразување на сопствениот идентитет. Што имаме моментално како реалност во Република Македонија? Сметам дека единствените кои што имаат проблем со изразување на сопствениот идентитет во Република Македонија се Македонците. Зошто го говорам ова, затоа што во Република Македонија, на сила како Закон се два договори во кои што има членови каде што се решаваат прашања од историски карактер кои што директно го тангираат идентитетот на македонското население. Ние сме единствената нација во светот која што со закон има забрана за употреба на одредени симболи, употреба на одредени термни, со употреба на одредени термини со потреба да се осврне на одреден дел на една историја која што е светска и тоа е стриктно пропишано во закон. Еве за илустрација за да биде полесно за гледачите за што говорам, говорам за членот 7 од Преспанскиот договор кој што е ратификуван. Ова ми е основата зошто вие како Влада не сте легитимни да предлагате страгтегија за „Едно општество за сите“, вели таа.

Токму поради овие причини според неа Владата на СДСМ не е легитимна да предлага стратегија за интеркултурализам преточена во паролата „Едно општество за сите“. Манаскова потенцира дека единствено сериозен процес на итеркултурализам кој ќе води сметка за сите заедници во Македонија ќе доведе до постигнување на единство.

-Единствено сериозен процес на интеркултурализам што ќе води сметка за сите делови од патот кој што мора да го помине, може да го совлада тоа затворање и да отоври пат за постигнување на единствено кој што нели е крајната цел на оваа стратегија, меѓутоа единство кое што нема да ја умртви различноста. Површен пристап како што викаме дека носи оваа стратегија, површен пристап кон поместување на парадигмата бидејќи тука се заговара поместување на парадигмата од мултикултурно општество како што досега бевме дефинирани како држава во итерклултурно општество. Површен пристап кон вакво поместување на таа парадигма претставува опасност за губење на идентитетот или апсолутизација на посебното. И затоа секоја заедница, сега говорам заедница и ги изедначувам сите заедници кои што егзиситраат на територија на Република Македонија. Секоја заедница треба да се стреми кон плурализам, толеранција со цел да се спречат конфилктите, што би требало да е целта на оваа стратегија, посочи Манаскова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This