April 24, 2024, 10:07 pm

ЗА КРАЛСТВОТО ЈОРДАН ПОСТОИ САМО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: Јорданските медиуми и официјални органи го користат само Уставното име на Р.Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апсолутно сите медиуми во Хашемитско Кралство Јордан, вклучувајќи ги и државните, во своите извештаи за официјалната посета на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова го користат уставното име на Република Македонија, пренесе Ексрес.мк

„За нас е од огромно значење што вие ја признавте Република Македонија под нејзиното уставно име. Тоа многу значи за нас и за нашиот народ, особено за многу Македонци кои живеат во Јордан“, му рече Иванов на својот домаќин, кралот Абдула Втори.

Шефот на македонската држава е примен со сите почести од највисокиот државен врв, а покрај со кралот се сретна и со премиерот Омар Разар, со претседателот на Сенатот, Фејсал ел Фаез и со спикерот на Претставничкиот дом, Атеф Таравнех.

Посетата вклучи и предавање во Совет за светски прашања на тема „Балкан, Кавказ и Блиски Исток: Бермудскиот триаголник на Европа“ и посет на Биро за дизајн и развој на кралот Абдула.

Во рамките на дамската програма, пак, сопругата Маја Иванова се сретна со кралицата Ранија ал Абдула и ги посети Фондацијата „Џордан Ривер”, невладина организација чијшто фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и Детски музеј „Јордан“, основани од јорданската кралица.

Македонија и Јордан воспоставија дипломатски односи на 15 септември 2000 година.

Претседателот Иванов пречекан со највисоки државни и воени почести во Аман

Денеска, во Кралската палата Ал Хусеин во Аман, претседателот Иванов со највисоки државни и воени почести беше пречекан од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин.

Posted by Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија on Sunday, November 18, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This