ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ БИДАТ РАСПИШАНИ НОВИ ИЗБОРИ: СДСМ соопшти дека ќе се самораспуштат и ќе организираат избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Ако Христијан Мицкоски продолжи да ја блокира иднината на Македонија, во следните неколку денови парламентарното мнозинство ќе распише предвремени парламентарни избори. Граѓаните ќе ја донесат одлуката, со огромно мнозинство ќе победи опцијата за иднината, Македонија ќе биде дел од НАТО и ЕУ, се вели во реакцијата на СДСМ.

– Се поочигледно е дека Христијан Мицкоски има проблем со членството на Македонија во ЕУ и НАТО! Џабе се правда преку писма дека наводно е за НАТО и ЕУ, имаше можност Мицкоски тоа да го покаже пред референдумот, а тој дејствуваше спротивно од интересот на државата. Еве и сега има можност да докаже дека е за НАТО и ЕУ и да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како што целата јавност ги повикува, да ги поддржат уставните измени – но тој не го прави тоа, велат од Социјал демократскит сојуз.

– Македонија и нејзините генерации немаат уште 27 години да чекаат на Мицкоски да му се погоди амбиентот. Ако не го држи сеќавањето, Мицкоски нека ги погледнете снимките и фотографиите од лидерските средби на кои течеа консултации за ова важно прашање, ќе види дека и тој бил на тие средби, секако дека бил и информиран и консултиран. Но дали имал став Мицкоски на тие средби?, се вели во соопштението на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This