April 19, 2024, 11:28 am

ЗА НИВ ДОЈДЕ ЖИВОТ: Си играат на мобилни, спијат на работно место, здраво се хранат и не им е гајле за граѓаните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека функционерите од власта ги полнат џебовите земајќи плата од парите на народот, граѓаните секојдневно апелираат на низата пропусти во нивното работење, односно непреземањето мерки за подобар живот.

Револтот кај граѓаните станува се поголем по низата објавени фотографии во медиумите и на социјалните мрежи на кои функционерите од власта наместо да работат во интерес на потребите на граѓаните, тие или спијат или играат игри на мобилните телефони.

Последни во низата се фотографиите од скопскиот градоначалник Петре Шилегов и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кои воопшто не беа заинтересирани на дискусијата во Собранието каде се говореше за преземање на мерки за намалување на загаденоста во Скопје и Македонија.

Народните избраници често на собраниските седници си наоѓаат занимација наместо да ја работат својата работа. Си праќаат срциња по Вибер, спијат на седниците или пак гледаат фудбалски натпревари. Толку од работата во интерес на граѓаните за кои постојано велат дека се залагаат.

Има и такви кои не се ни појавуваат на своето работно место, но затоа пак се често гледани по кафеаните каде ги трошат парите од државната каса.

Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика со месеци не се појавува на работа, а сепак успеал да потроши 4000 евра по кафани, обвинува граѓанскиот активист и поранешен функционер на СДСМ, Ивор Мицковски.

-Ова е Хазби Лика, вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор. Министерот на се појавува на работа со месеци. 0 трошоци за превоз, 0 трошоци на работното место. А, сепак, успеал да потроши 4000 илјади евра по кафани. Значи се можело кога се сака, ем да не се работи, ем да се троши, напиша Мицковски на својот Фејсбук профил.

Во Владата има и министри кои можеби не спијат, но отворено кажуваат дека не се занимаваат со граѓаните.

-Сега јас не се бавам со граѓаните, граѓаните може да тужат, изјави министерот за животна средина Садула Дураки кој во овој период е најповикан да одговори на прашањата на граѓаните и на новинарите поврзани со енормното загадување во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This