За овај преубав пар на матура со денови зборува целиот регион: Ангела и Дамјан испратија важна порака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ангела Богојевиќ (18) и Дамјан Томиќ (19) деновиве се главна тема за јавноста ширум регионот, откако на социјалните мрежи ги објавија нивните фотографии од матура. Сите беа воодушевени затоа што овие двајца млади покажаа дека меѓу нас нема никакви разлики и дека сите сме исти.

Имено, Дамјан кој што има мускулна дист рофија и е во инв алидска количка, облечен во преубаво одело на матурската вечер се појави со неговата другарка и и посвети неколку убави стихови, бааш онакви какви што беа убави и самите тие – принц и принцеза.

-Затоа што ти си принцеза од некој друг свет, напиша во насловот на фотографијата Дамјан.

-Прво не очекуваш ова да се случи во толкав број и дека сите вака ќе реагираат. Има многу деца со различен хен дикеп и инвалидитет кој што со ова би се нав редиле, затоа што со самото тоа се прави разлика, како да се тие нешто поинакви, ја започнува својата приказна Дамјан.

Тој додава дека ова никој не треба да го свати како сожалување, туку како поддршка.

-Не сум јас за жа лење, се сметам за ист како што е Ангела или било кој друг, но и таа мене за таков ме смета. Инаку, животот е бо рба, сите ние имаме непр ијатности и лоши искуства поради нешто, но сметам дека тоа се се надминува преку љубовта. Она која ја добивате од блиските, но и она кја ја давате на другите, истакна за „Телеграф.рс“ Дамјан.

Неговата другарка Ангела која 2020 година треба да матурира одлучи да му биде партнерка, одма откако и сопшти дека девојката со која требало да оди на матура, од оправдани причини го откажала доаѓањето.

-Најпрвин мислеше дека тоа е голема обврска и дека не може да се изведи, но јас сепак го направив тоа. Неговото воодушевување и воозбуденост ме исполнија и се потрудив да му биде една од најубавите вечери. Искрено не очекував толкава голема поддршка и медиумска покриеност од сите страни, дури во едни моменти ми беше и непријатно, раскажува Ангела, другарката на Дамјан.

 

View this post on Instagram

 

carobnjak je bila🧚‍♀️✨

A post shared by Дамјан Томић (@damjantomicc) on

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This