ЗА ПОСРЕЌЕН И ПОЗДРАВ ЖИВОТ, ПРЕСЕЛЕТЕ СЕ ВО ПЛАНИНА: Три години подолго живеат луѓето на планина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Животот на големи надморски височини ги прави луѓето поздрави и посреќни, пишува магазинот Journal of Epidemiology and Health, врз основа на истражувањето на научниците, кои ја анализирале врската помеѓу надморска височина, животниот век и стапката на смртност од хронични заболувања за стотици населени места во континенталниот дел на САД.

 

 

Тие откриле дека 10 милиони Американци кои живеат во населби помеѓу 750 и 1.500 метри надморска височина живеат во просек од една до три години подолго од оние што живеат на пониски места. Колку е поголема надморска височина, толку е подолг животниот век на луѓето кои живеат таму. Покрај висината, клучните фактори се економскиот статус, густината на населението и пушењето.

 

Живеењето на повисоки височини ја подобрува работата на срцето и има и други позитивни фактори за организмот, иако се препорачува претпазливост кај лица со веќе нарушено дишење и хронично опструктивно белодробно заболување. Луѓето кои живеат на голема надморска височина имаат помала веројатност да добијат срцев удар.

 

Дополнително, истражувањата покажуваат дека луѓето кои живеат на повисоки надморска височина имаат помал ризик од дебелина бидејќи нивниот метаболизам е забрзан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This