ЗА ПОТОПОЛ ДОМ: Наместете ги вашите прозори на „зимски режим“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да ви биде потопло во зима треба да го нагодите механизмот на вашите ПВЦ прозорци и врати во зимски режим.

ПВЦ столаријата, особено прозорците и вратите се сè почест избор во нашите домови затоа што лесно се подесуваат и подолго ја задржуваат температурата во домот. Она што е особено корисно е тоа што ваквата столарија има опции за подесување кои во зимскиот период се особено значајни.

На есен прозорците и балконската врата треба да ги подесите на „зимски“ режим на овој начин:

Отворете го прозорецот и пронајдете го механизмот за затворање. Шрафот на страната каде што се наоѓа рачката, близу металниот дел наречен шарка, треба да го завртите навнатре со „инбус-клуч“. При вртењето со клучот шрафот се врти околу својата оска и на тој начин се регулира потисната сила на рамот на прозорецот и пpитисокот.

При местењето на овој тип прозорци најчесто режимот кој се остава за користење е стандарден. За да откриете во кој режим се наместени вашите прозорци вметнете лист хартија меѓу прозорецот и рамот и повлечете. Ако листот излезе без проблем тогаш вашите прозорци се наместени во „летен режим“, а ако при вадењето на листот хартијата се сkине, тогаш се во „зимски режим“.

Зошто не е препорачливо да ги оставите прозорците само во „зимски режим“ во текот на целата година?

Вие може и така да ги оставите, но набрзо ќе мора да ги промените деловите на прозорецот. Кај „зимскиот режим“ пpитисокот на гумите за зaштита на прозорците е значително поголем. Ако постојано го отворате и затворате прозорецот, како што правиме летно време, гумата целосно ќе се потроши, а за да ја замените ќе треба да повикате мајстор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This