За прв пат во историјата ќе бида отkaжани Летните олимписки игри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По одложувањето на Летните олимписките игри во Токио за една година поради пандемијата со коронавирусот, истите би можеле да бидат и целосно откажани, што би било првпат во историјата, а наредните Летни олимписки игри би се одржале во 2024 година во Париз.
Јапонските власти соопштија дека Токио се соочува со најтешкиот удар од почетокот на пандемијата со коронавирусот. Во просек дневно има по 500 заразени во главниот град на Јапонија, а вирусот се шири и во останатите градови на земјата.

-Новиот брана би можел да предизвика откажување на настаните поврзани со Олимписките игри. Доколку ситуацијата излезе од контрола би можело целосно да се откажат и Олимписките игри, соопштија од Организациониот одбор.

Она што е сигурно ако се одржат Олимписките игри, е тоа што нема да има гледачи што ќе му даде необична и тажна слика на најголемиот спортски настан во светот.

Конечната одлука за тоа дали ќе се одржат Игрите, Јапонците ќе ја донесат наредниот месец. Олимписките игри треба да се одржат во периодот од 23 јули до 8 август годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This