March 29, 2024, 10:40 am

ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО ЌЕ ТРЕБА ВРЕМЕ: Метју Нимиц вели дека со договорот од Преспа ништо не е завршено!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По решавањето на спорот за името, со Преспанскиот договор, следи период на неговата имплементација, што ќе отвори прашања како што е работатата на Комитетот за учебниците и комерцијалната употреба на името „Македонија“, вели медијаторот Метју Нимиц на брифинг за новинарите во седиштетот на светската организација во Њујорк.

Една од работите кои создаваат загриженост е иредентизмот и дeмoнизaциjaтa на соседот. Сама по себе промената на името бара многу време. Секој пасош, возачка дозвола, универзитетска диплома, извод од матична книга, таблите на институциите мора да се сменат. За тоа ќе биде потребно време, исто како што ќе биде потребно време и за односите меѓу народите на двете земји. Постојат прашања и во делот на комерцијалната употреба на името „Македонија“, изјавил Нимиц.

Нимиц сепак е задоволен од финализирањето на неговиот 25 годишен ангмажман. Во интервју за Ју Ен Њуз, тој објаснува зошто требало толку време.

Луѓето често велеа колку досадна работа, да се поминат 25 години работа на еден збор, едно име. Зошто луѓето не седнат и не се договорат за име за што се потребни пет минути. Но, не се работи само за името, кое е само врвот на сантата мраз кој е видлив, станува збор за прашање на чувството за идентитет во двете земји. Прашањето имаше историски и емоционални аспекти и се уште има, појаснува Нимиц.

Клучно според медијаторот било политичкото лидерство во двете земји.

Имаше периоди кога некои лидери го ставаа ова прашање на дното од листата на приоритети, некои не беа подготвени да преземат голем ризик. Една од позитивните работи која придонесе ова прашање да се затвори е што имавме лидери од двете страни кои навистина искрено одлучија „сакаме  да го решиме проблемот, ќе вложиме политичка енергија во тоа и ќе преземеме ризици, ќе направиме компромис, вели Нимиц.

Медијаторот заклучува дека Грција го повлече нејзиното противење на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО, со што неговиот проект е завршен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This