March 29, 2024, 11:06 am

ЗА ПРОМЕНА НА ПАСОШИТЕ САМИ ЌЕ СИ ПЛАЌАМЕ: Владата потврди дека промената на новите пасоши ќе биде на терет на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерствата, државните органи и институции, јавните претпријатија и акционерски друштва ќе треба да извршат промена на таблите на влезовите на институциите, а ќе се менуваат и таблите на граничните премини со новото уставно име на државата откако Република Грција ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Од Владата не очекуваат никакви проблеми од државните институции при користењето на новото име на државите и истакнуваат дека остануваат целосно посветени на имплементацијата на Договорот од Преспа.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната редовна прес-конференција појасни дека таблите на граничните премини ќе бидат напишани на македонски и албански јазик бидејќи, како што рече, Албанците се 20 проценти во Република Македонија на државно ниво.

Истакна дека сетот мерки и активности што ја регулираат употребата на новото уставно име на државата, кои вчера Владата ги усвои на седница, ќе почнат да се применуваат веднаш по ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на Грција.

Веднаш по ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Атина, стапуваат на сила овие мерки што вчера ги усвоивме. Интерресорската група веднаш започнува со работа. Не е предвиден рок, но тоа значи веднаш. Немаме рок, не постои, рокот е за седум дена за стапување во сила на овие мерки. Тргнуваме веднаш во промена – истакна Бошњаковски.

Од Владата засега немаат информација колку ќе чини целиот процес, но велат дека тоа ќе се знае откако ќе заврши процесот.

Во однос на тоа дали трошоците за промена на личните документи и таблиците на возилата ќе паднат на товар на граѓаните или државата ќе одвои средства за оваа намена, Бошњаковски рече дека замената на пасошите ќе биде редовна и тоа ќе биде на товар на граѓаните.

Замената на пасошите ќе биде редовна. Редовната замена на сите останува редовна како и досега. Нема да важат пасошите што се издаваат десет години, туку рокот ќе биде пет години од моментот на отворање на поглавјата и тој трошок ќе биде на товар на граѓаните затоа што ќе биде редовен трошок – рече Бошњаковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This