April 24, 2024, 12:23 am

ЗА РЕКРЕАЦИЈА НА ВОДНО ТРЕБА ДА ПОДИГНЕТЕ КРЕДИТ: Неверојатни 200 денари за час паркинг на Водно во денови на енормна загаденост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве повторно сме сведоци на енормно загадување во главниот град. Светски реномирани агенции кои го третираат загадувањето на воздухот го рангираа Скопје на првото место по загаденост. Во конкуренција на светски индустриски метрополи и центри Скопје успеа да го заземе првото место.

Две години извршна и нешто повеќе од година дена локална власт, а ниту една ефективна мерка против загадувањето која наговостува дека нешто ќе се подобри.

Оскудни и површни се решенијата кои владата и град Скопје ги нудат и спроведуваат за намалување на загадувањето.

Од сите интервентни мерки кои стапија на сила и стануваат активни за време на енормно загадување најпопуларно е двојното поскапувањето на паркинг услугите во градското подрачје.

Пред половина година градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов воведе забрана за движење на моторни возила према Водно, но бидејќи координацијата со сообраќајаната полиција беше ужасна, оваа мерка ниту се почитуваше од граѓаните, ниту спроведуваше од надлежните, по што беше укината и заменета со солена цена за паркинг по час на Средно Водно која изнесува 100 денари по час.

Ако денес или вчера вие или било кој граѓанин се одлучи да отиде на Водно за да „наполни плуќа“ со чист воздух, ова задоволство ќе ве чини 200 денари по час, согласно одлуката на Шилегов и град Скопје за двојно поскапа паркинг услуга за време на енормно загадување.

Доколку се паркирате на Средно Водно и тргнете пеш кон „Милениумскиот крст“, во просек оваа патека се изодува за пет до шест часа. Тоа значи дека треба да бидете подготвени да платите 1000 денари паркинг, без притоа да сметате на топол чај, кафе или некоја топла закуска на врвот на скопската планина. Целокупното задоволство од оваа рекреација вас и вашето семејство би ве чинела не помалку од 15оо денари, само за да подишете маклу чист воздух.

Дневните ски карти во нашите скијчки центри низ земјава не ја достигнуваат цената за паркинг услуга на Средно Водно за време на загадување, па така дневна ски карта во Маврово изнесува 1100 денари за цел ден и 850 за половина, на Попова Шапка 900 денари за цел ден и 600 денар за половина ден(за ски лифтови кои не работат).

На крај народот останува ем затруен, ем ограбен.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This