ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ СЕ ДЕЈСТВУВА СОГЛАСНО ОКОЛНОСТИТЕ: Кога не нѐ вклучуваат во процесите, не треба да очекуваат да бидеме декор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во однос на референдумот кој треба да се одржи за Договорот со Грција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека таа партија ќе дејствува проактивно во согласност со потезите на владата.

-Референдум може да распише парламентарно мнозинство. Тоа значи 61 пратеник, ВМРО-ДПМНЕ нема 61 пратеник за да го спречи тоа. Ако Владата одлучи дека ќе распише референдум, може да го направи тоа, рече Мицкоски.

Во однос на предлогот на водителот дека ВМРО-ДПМНЕ може да го бојкотира референдумот, Мицкоски потенцира дека тоа се методологии кои партијата ќе ги има на располагање.

-Ќе одлучуваме во согласност со оние дејства и акции кои што ќе ги има владата, објаснува лидерот на опозицијата.

Потенцира дека ако ВМРО-ДПМНЕ било комплетно исклучено од процесот на преговарање и договарање, но и од процесот на креирање на референдум, тогаш не може да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да сподели одговорност, односно да биде дрво декор.

-Ако се одлучи да се оди на референдум, најпрво мора биде фер и демократски, да има јасно и дефинирано прашање кое што ќе биде едносмислено, не дво или тросмислено. Целокупната процедура мора да биде фер и демократска и мора да бидат запазени двата кумулативни услова, излезеноста, минимум 50 % + 1, и оние кои што ќе изгласаат „за“ да биде минимум 50 % + 1, појаснува Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This