ЗА СДСМ НЕМА ДНО: Го прашуваат ВМРО-ДПМНЕ дали поддржува палење фотографија на демократски избран лидер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ не само што не го осуди вчерашното палење фотографии на политички лидери, туку се најде и повикана да го брани преку соопштение, покажувајќи загриженост од осудите што целата демократска јавност ги изнесе против овој антидемократски чин, се вели во соопштението од СДСМ.

Владејачката партија прашува дали со тоа ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека стојат позади ова антидемократско дејство?

-Што мисли ВМРО-ДПМНЕ, дали палењето фотографии на демократски избрани лидери е чин за поздравување или чин за осуда? ВМРО-ДПМНЕ одбивајќи да ги осуди демонстрациите на омраза и одбивајќи да ги осуди повиците против интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ, уште еднаш покажува дека не може да се оттргне од темното минато кое својата кулминација и завршница ја доживеа на крвавиот 27 април 2017 година, реагира СДСМ .

Ваквата реакција на СДСМ наиде на потсмев кај јавноста, поради фактот што истите оние кои сега прашуваат дали нивниот политички опонент поддржува палење фотографија на демократски избран лидер, пред само две години лидерот на истата таа партија аплаудираше на палењето на фотографии од претседателот Ѓорге Иванов, кога беше запалена и Народната Канцеларија.

Пред очите на Заев тогаш среде Скопје гореа фотографии од демократски избран лидер, а тој го поддржа и одобри таквиот вандалски чин. Сега, од позицијата на власт, СДСМ и Заев прашуваат дали сегашната опозиција стоела стојат позади „антидемократското дејство“ кое се случило во Австралија, каде вчера беше запалена фотографија од Зоран Заев, што не претставува ништо друго, туку врв на едно политичко лицемерие кое е на очиглед на целокупната јавност.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This